Поврзете се со нас

ВТА

ВТА турнир во Палермо: Позитивен тест на коронавирус уште на стартот на квалификациите

Објавено

на

Тенискиот турнир во Палермо го означување враќањето на ВТА серијата по долгата пауза поради коронавирусот, но токму КОВИД-19 им создаде голем проблем на организаторите уште на самиот старт.

Тие објавија дека една од тенисерките кои пристигнале на Сицилија имала позитивен тест на вирусот, а нешто подоцна е објавено дека се работи за Бугарката Викторија Томова.

Томова е на 130. место на ВТА ранкингот и требаше да игра во квалификациите, но нејзиниот меч е откажан, а таа веднаш била изолирана од останатите учесници, додека тестирани се сите кои имале контакт со оваа тенисерка.

Организаторите велат дека не планираат да го откажат турнирот и постојано ќе ги тестираат учесниците и сите инволвирани во организацијата.

Томова играше против нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа пред околу еден месец на Источно-европскиот шампионат во Белград и го доби тој дуел со 2:0 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни