Поврзете се со нас

Дејвис куп

Дејвис куп: Ивановски експресно израмни на 1:1 во дуелот против Малта, решавачки ќе биде мечот во двојки

Објавено

на

Македонската Дејвис Куп репрезентација денеска игра против селекцијата на Малта во рамките од Третата Европска зона, па иако натпреварите не почнаа според планот, најдобриот наш тенисер се погрижи за враќање на егал ситуација.

Обрад Марковски прв излезе на терен денеска наутро и загуби од Алекс Дегабриеле со 6:4, 2:6 и 7:6, но тешкиот удар во тајбрејкот сепак не влијаеше врз самодовербата на Калин Ивановски.

Најдобро рангираниот тенисер од нашата земја пред неколку дена го освои турнирот во Скопје, а денеска го донесе првиот бод за нашата репрезентација и израмни на 1:1 против Малта.

Ивановски беше фуриозен на стартот на мечот со Лиам Деликата и поведе со 4:0, што се покажа како навистина добар предуслов за брзо освојување на првиот сет.

Калин го доби овој дел со 6:2, а потоа во вториот славеше со 6:4 и израмни во пресметката со Малтежаните. Во продолжение, решавачки ќе биде дуелот во игра на двојки, во кој наши претставници ќе бидат Берк Бугариќ и Обрад Марковски, а противниците ќе бидат претставени од Дегабриеле и Деликата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни