Поврзете се со нас

АТП

Тенисер кој пред две недели играше во Скопје, денеска го освои Ролан Гарос

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/rolandgarros

Тениските турнири кои изминативе недели се одржуваат во Скопје им овозможија на фановите во живо да следат повеќе квалитетни искусни тенисери, но и дел од играчите кои поседуваат голем потенцијал и имаат сериозни амбиции во кариерата.

Таков е примерот со Дино Прижмиќ, хрватскиот јуниор кој пред две недели играше на Челинџер турнирот „Македонија Опен“ во Скопје, а денеска триумфираше на Ролан Гарос.

Хрватот победи во јуниорска конкуренција, славејќи во финалето против Хуан Карлос Анхело Прадо од Боливија со 2:0 во сетови.

Прижмиќ рутински го добил мечот за големиот трофеј со 6:1 и 6:4 во двата одиграни сета, стигнувајќи и до својот најголем успех во кариерата.

Пред само две недели, Прижмиќ играше во Скопје и во првото коло го совлада нашиот Калин Ивановски, со кого одлично се познава бидејќи двајцата често заедно тренираат во Загреб.

Прижмиќ го заврши настапот со пораз во втората рунда од Евгениј Донској, по што се префрли на следниот предизвик во Париз, а во француската престолнина оствари шест победи во серија, за на крајот да го подигне престижниот трофеј и да стане прв хрватски тенисер кој го освоил РГ по Марин Чилиќ во 2005 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни