Поврзете се со нас

Англија

Таблоидите го „уловија“: Гвардиола прави се што е во негова моќ за да спречи ново болно заминување од шампионскиот тим (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола на последниот прес нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да спречи ново болно заминување од шампионскиот тим на Манчестер Сити, откако шпанскиот стручњак веќе мораше да се помири со трансферите на Илкај Гундоган и Ријад Марез.

Овој став на Шпанецот посебно се однесуваше на Бернардо Силва и Кајл Вокер кои се на мета на Барселона и Баерн Минхен, со тоа што за овој вториот веќе имаше сериозни гласини од Германија дека е во напредни преговори со баварците.

Вокер има важечки договор со Сити до 2024-та година и на маса има многу подобра понуда од Баерн, но последните информации од Англија велат дека Сити сега ќе ја израмни истата по барање на менаџерот Гвардиола.

Пеп има нависитна високо мислење за десниот бек кој со години наназад е клучен за Сити, па иако лани беше изоставен од неколку најважни натпревари, сега решил самиот да го убедува Кајл да остане во Сити.

„Тајната вечера“ која ја организирал менаџерот на Сити стана јавна поради присуството на папараците, кои успеаја да ја уловат средбата на двајцата пред познат ресторан во Манчестер.

„Сан“ откри дека Пеп на вечерата пристигнал со скап „Пинарело“ велосипед кој чини неколку илјади евра, а средбата ја завршил во добро расположение после два ипол часа минати со својот играч од првиот тим.

Препоставките се дека оваа вечера може да одигра клучна улога во одлуката на Вокер, кој сега повторно има големи шанси за продолжување на соработката со „граѓаните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни