Поврзете се со нас

Олимписки игри

Италија блескаше во Белград и ја остави Србија без пласман на ОИ во Токио

Објавено

на

Италијанската кошаркарска репрезентација си обезбеди место на олимпискиот турнир во Токио и тоа со голема победа над Србија во Белград (95:102).

Италијанците водеа постојано, со прецизни удари за три поени направија солидна предност на крајот на првиот дел (45:57), во третиот период стигнаа и до плус дваесет и четири, а последниот период го започнаа со плус седумнаесет, што беше преголема негатива и за квалитетната домашна селекција.

Неубедливиот настап на носителите на играта Мициќ, Теодосиќ и Марјановиќ, кои заедно уфрлија 20 поени беше голем проблем за српскиот селектор Игор Кокошков, во чии редови се истакна Анѓушиќ со 27 поени. Во второто полувреме голем реализаторски придонес имаше и младиот Петрушев кој го заврши дуелот со 22 поени.

Манион со 24, Полонара со 22 и Фонтекио со 21 поен беа најефикасни во италијанскиот состав, кој на крајот се радуваше за пласманот на Олимписките игри од турнирот во Белград.

Покрај Италија, од квалификациските турнири пласман на ЛОИ обезбедија и Германија и Словенија, a во последното финале играат Грција и Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни