Поврзете се со нас

Германија

Германија бара нов селектор, агентот на Клоп одговори на „понудата“

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Германија е во потрага по нов селектор и тоа откако федерацијата на оваа земја реши да му се заблагодари на Ханси Флик по серијата на лоши резултати.

Легендарниот Руди Фелер за кратко го презема националниот тим и му донесе победа во пријателскиот меч со Франција, ама тој нема намера да се задржи на оваа позиција и сега активно ќе се бара нов предводник, човек кој ќе може да ја врати атмосферата и кој ќе може да донесе добри резултати во следниов период и престојното Европско првенство во 2024 година.

Медиумите веднаш го посочија името на тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, меѓутоа агентот ги разочара сите Германци, поточно посочи кој е неговиот приоритет, фокус во моментов и блиска иднина.

-Јирген има долгорочен договор со Ливерпул и не е достапен за селекторската позиција, -порачал Марк Косике.

Најреална опција за испразнетото место е Јулијан Нагелсман кој веќе некое време е без работата откако „раскина“ со Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни