Поврзете се со нас

Англија

Англија добива нов супер напаѓач, Евертон на крилата на Калверт- Луин до тешка победа кај Фулам

Објавено

на

Екипата на Евертон славеше доста тешка од 3:2 победа на гостувањето кај новиот член во Премиер лигата, тимот на Фулам.

„Карамелите“ одиграа одлично прво полувреме, но во вториот дел беа непрепознатливи па до самиот крај на натпреварот на легендарниот „Кревин Котиџ“ мораа да треперат за победата.

Првиот гол падна по само 40 секунди игра откако Доминик Калверт Луин со својот деветти погодок донесе водство за гостинскиот тим.

Сепак, Боби Рид по 15. минути игра го изедначи резултатот и најави подобар период за тимот на Фулам. Но не беше така затоа што Еверотн до крајот на првите 45. минути преку Калверт- Луин и Дукуре стигна до предност од 3:1.

Во вториот дел на теренот постоеше само тимот на Фулам кој сепак немаше сили да стигне барем до реми, па со само еден постигнат погодок во вторите 45. минути успеа само да го намали резултатот. Треба да се напомене дека избраниците на Скот Паркер не успеаја да реализираат и удар од белата точка  што беше трето нивно промашување од исто толку пенали кои се досудени за нив оваа сезона во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни